Расте трговската размена на Македонија со земјите од ЦЕФТА. Ефектите од примената на централно европскиот договор за слободна трговија генерално се позитивни, но се уште постојат бариери во регионот кои се пречка за позасилена размена, констатира Стопанската комора. Меѓу детектираните проблемите се и нетарифните бариери, непризнавањето на меѓусебните сертификати, електронската неповрзаност на граничните премини на земјите членки на ЦЕФТА. Пречка може да биде, како рековме не признавање меѓусебни сертификати, за технички стандарди па сте изложени на накнадни проверки во земја увозник. Тоа бара време и претставува трошок, автоматски ви се намалува конкурентност во однос на домашен производител. Тоа може да бидат редици на гранични премини.
Расте трговската размена на Македонија со земјите од ЦЕФТА.
Ефектите од примената на централно европскиот договор за слободна трговија генерално се позитивни, но се уште постојат бариери во регионот кои се пречка за позасилена размена, констатира Стопанската комора.
Меѓу детектираните проблемите се и нетарифните бариери, непризнавањето на меѓусебните сертификати, електронската неповрзаност на граничните премини на земјите членки на ЦЕФТА.
„Пречка може да биде, како рековме не признавање меѓусебни сертификати, за технички стандарди па сте изложени на накнадни проверки во земја увозник. Тоа бара време и претставува трошок, автоматски ви се намалува конкурентност во однос на домашен производител. Тоа може да бидат редици на гранични премини“, изјави Љубица Нури - Стопанска комора на Македонија.